Пилинг за коса- тајната која ниту еден фризер не ви ја кажал. 3 испитани и докажани домашни рецепти за двојно побрз раст на косата
Има ли жена која не мечтае за бујна и раскошна коса како на моделите од списание или Дизни принцезите? Сепак, иако желбата е една и едноставна, нејзиното остварување знае да биде навистина тешко.
Но, всушност проблемот е што повеќето жените не знаат дека постои 1 чекор, кој при миењето и негувањето на косата го пропуштаме. Експертите веќе докажаа дека растот на косата не се поттикнува само преку употребата на шампони, маски и масла, туку и преку темелното чистење на скалпот.
За да го активирате растот на косата, главен помошник во оваа мисија ќе ви биде пилингот.
Иако истакнати козметички производители веќе во продажба имаат пуштено скапи пилинзи, сепак практичните жени ширум светот претпочитаат истите да си ги подготвуваат во домашни услови, бидејќи ефектот е дури и далеку поизвонреден, бидејќи состојките се на природна база.
Во продолжение следуваат рецепти за едни од најефикасните и најпопуларните пилинзи за коса, кои се омилени меѓу поголемиот дел од дамите:
1. Пилинг за детоксикација со сол
Солта ќе ви помогне темелно да го исчистите скалпот и притоа со помош на јаболковиот оцет, ќе се нормализира природното ниво на pH вредноста.
Потребни состојки
- ¼ шолја хималајска розева сол (доколку не успеете да најдете таква, тогаш користете морска сол)
- 1 супена лажица јаболков оцет (може да се замени и со вода)
- 1 супена лажица кокосово или друго природно масло
- 1 кафена лажица мед
- 5 капки масло од чајно дрво или мента (ова состојка се користи за подобар мирис на пилингот, при што е незадолжителна)
Начин на подготовка
Додадете ги сите состојки во еден сад и добро измешајте. Потоа, готовата смеса лесно нанесете ја на врвот на површината на скалпот и со нежни движења, распространете ја истата на целата коса и глава. Оставете го пилингот да отстои 5-10 минути, а потоа исплакнете со топла вода. Следно, измијте ја косата со шампон и регенератор, на вообичаениот начин.
2. Прочистувачки пилинг со лимон
Подготовката на овој пилинг е многу едноставна, но истиот е многу ефикасен. Комбинацијата од морска сол и сок од лимон, го прави пилингот моќно средство за ексфолијација, бидејќи лимонската киселина е еден вид природен хемиски пилинг. Маслото за готвење пак, ја потхранува косата со најважните витамини- А и Е.
Потребни состојки
- 2 супени лажици морска сол
- 2 супени лажици сок од лимон
- 2 супени лажици масло за готвење
Начин на подготовка
Додадете ги сите состојки на куп, во еден сад и добро измешајте. Нанесете го пилингот на скалот и истиот нежно масирајте го, за да ја подобрите циркулацијата на крвта во овој предел. Исплакнете со топла вода, а потоа со шампон и регенератор.
3. Потхранувачки шеќерен пилинг
Овој рецепт е комбинација од маска за коса и пилинг за коса. Составот вклучува кокосово и маслиново масло, во кои се застапени бројни масни киселини, витамини и антиоксиданти. Тие помагаат за зајакнување на фоликулите на косата. А медот, кој исто така влегува во составот, е одговорен за навлажнувањето на косата. Овој пилинг е совршен за дамите со чувствителен скалп.
Потребни состојки
- 3 супени лажици од вашиот омилен регенератор
- 1 супена лажица шеќер
- 1 супена лажица мед
- 1 супена лажица кокосово масло
- 1 супена лажица маслиново масло
Начин на подготовка
Измешајте си сите состојки заедно во еден сад. Нанесете ја смесата на скалпот, притоа покривајќи ја целосно косата, од врвот до крајот. Покријте ја косата со ќеса и оставете така пилингот да отстои 30 минути. Потоа измијте ја истата со шампон.