„Писмо до моите идни снаи“: Мајка на 3 момчиња ги трогна жените ширум светот
„Некој неодамна ме праша во какви луѓе сакам да пораснат моите синови. Размислувам за ова прашање секој ден. И покрај тоа што кога ќе ги видам, знам дека тоа се моите мали бебиња, сепак јас не воспитувам бебиња.
Јас воспитувам луѓе. Луѓе кои некој ден во иднина ќе станат сопрузи и татковци, едни од најважните општествени улоги. Мојата задача како нивна мајка е да ги воспитам така што уште ќе бидат одлични во исполнувањето на тие нивни улоги. Тоа е мојата одговорност секој ден што го поминувам со момчињата.
Па така…За моите идни снаи. Постојат неколку работи кои сакам да ви ги кажам. Се уште не ве познавам, но јас вас веќе ве сакам. Ве сакам толку многу, бидејќи вие некој ден ќе ги сакате моите синови и тие ќе ви возвратат на вашата љубов. Ќе дојде ден кога ова немирно, палаво момче ќе биде твое. Тоа засекогаш ќе биде мое, но ти ќе го заземеш моето место на толку многу начини. Некој ден твојата рака ќе ја замени мојата. Вашите очи ќе бидат нивниот мир и вашето срце ќе биде нивниот дом. Со нив ќе ги споделите вашите соништа, ќе ги тешите кога ќе се плашат. Ќе го држите нивното срце, кое бие додека заспива на моите гради. Некој ден драги мои, тоа ќе сте вие.
Секогаш сум мислела дека ќе имам ќерки. Сега знам дека тоа ќе бидете вие. Сакам да знаете дека за вас се молам секој ден, исто како што се молам за моите синови. Се молам да бидете доволно ценети, почитувани и сакани. Убедена сум и цврсто верувам во тоа. Се молам прво вие да се сакате себеси, бидејќи без оваа силна љубов нема да може да ги сакате останатите. Се молам некој ден да сфатите дека вие сте подарок. И ги учам моите синови утре да ве гледаат и сакаат на истиот начин.
Сакам да знаете дека покрај тоа што ќе направам многу грешки, јас сум одговорна и целосно ангажирана да ги воспитам моите синови да ве почитуваат. Не можам да ги оправдам нивните недостатоци. Мојата мајка ме научи така. Тоа сепак се луѓе, имаат свои доблести и маани. Дајте им ја слободата и ќе добиете многу повеќе за возврат. Ги учам да бидат достоинствени за женското срце. Ги учам да разберат дека женското срце еднаш скршено, веќе никогаш не може да се врати на начинот какво било претходно. Не сакам моите синови да бидат тие кои ќе ви го скршат срцето. Ги учам да ве направат приоритет и да ве ценат. Ги учам да бидат смели, но нежни, храбри, но приземјени, независни и никогаш на вас да не гледаат како замена за нивната мајка, за мене. Ви ветувам дека ги и ќе ги воспитувам секогаш да запаметат дека и вие сте нечии ќерки. Се молам нивната љубов кон вас да расте секојдневно. Се молам утре да изградите заеднички живот на цврста доверба и љубов. Ви ветувам дека ќе ги научам како вистински и правилно да се однесуваат со вас. Да ве сакаат!
Има уште многу години пред да се сретнеме, но секој ден до тогаш се молам за вас и ќе ве сакам, а кога ќе ве сретнам, ќе ве сакам уште повеќе, бидејќи вие ќе ги сакате моите синови и ќе станете мои ќерки.“