Пица и баница во едно – Ред тесто, ред шунка, ред кашкавал и пак тесто, а потоа крај на диетите
И покрај фактот што оваа баница се разликува од останатите по нејзиниот надворешен вид и по начинот на подготовка, нејзиниот рецепт доаѓа од Италија, па затоа некои уште ја нарекуваат и пица.
Пица и баница во едно
И покрај фактот што оваа баница се разликува од останатите по нејзиниот надворешен вид и по начинот на подготовка, нејзиниот рецепт доаѓа од Италија, па затоа некои уште ја нарекуваат и пица.
Servings: 4
Ingredients
- 500 гр пченично брашно
- 240 мл вода
- 8 гр квасец
- 1 супена лажица шеќер
- 4 супени лажици масло за готвење
- По вкус сол
- По вкус мајчина душица
- 350 гр домати во сопствен сок
- 200 гр шунка
- 250 гр кашкавал
- 400 гр лиснато тесто
- 1 жолчка
Instructions
- Растворете го квасецот во малку топла вода со шеќер. Оставете да отстои 10 минути.
- Пресејте го брашното и додадете сол и масло за готвење. Исипете го тестото и преостанатата топла вода.
- Замесете го истото и покријте го садот со фолија, оставајќи го да отстои 1 час. Целиот овој процес може да го прескокнете доколку купите готово тесто.
- Обликувајте го тестото според големината на садот за печење и поставете го врз премачкана со масло површина. Така оставете го половина час.
- Со доматниот сос, премачкајте го тестото, додадете малку сол и сува мајчина душица и истите добро распоредете ги по површината на тестото. Одзогoра додадете ги шунката и кашкавалот.
- Одмрзнете го лиснатото тесто и додадете го одозгора врз баницата, раководејќи се според нејзината големина. Покријте го филот со тестото, а одзогра премачкајте го со жолчка.
- Печете на 200°C, најпрво на горната полица 20 минути, а потоа на
средната полица дополнителни 15 минути, - Совет: Откако ќе ја извадите баницата од рерна, покријте ја со памучна крпа на 10-15 минути.