По 20 години на сцената со шминка Кристина Агилера прави фотосесија без неа и светот не може да ја препознае
Кристина Агилера скоро целата кариера носи кармини во темни бои и црн туш на очите. Скоро никој не може да каже дека ја има видено без грам шминка на лицето. Кристина решила да ја открие својата природна убавина за насловната на Paper Magazine и резултатот е неверојатен. Критиките за нејзиниот изглед се позитивни и иако голем број на нејзини обожаватели сметата дека го „корегирала“ нејзиното лице сепак повеќе им се допаѓа природната верзија на Кристина. Кој би кажа дека убавата џебна венера има 37 години?