По 45-тата година работите се одвиваат на поинаков начин: Златни совети за топење на килограмите и зајакнување на метаболизмот
Со оглед на хормоналните промени кои се јавуваат по 45-тата година, телото на жените се менува. Производството на естрогените,од кои зависат пропорциите на женската фигура, нагло се зголемува на почетокот, а потоа подеднакво се намалува. Бидејќи нагли промени во овој период може да го нарушат ендокриниот баланс, жените над 45-годишна возраст треба да се воздржат од диетални експерименти.
Заборавете за суровите диети и на гладувањето.
Наместо тоа можете да направите „ден за диета“, но само еднаш неделно. За тој ден варите половина килограм ориз во солена вода и го јадете со црно грозје и суви кајсии. Исто така можете да измешате 600-800 грама урда со суво грозје. Овие производи се корисни за срцето.
Појадок и ручек со супи
Исто така јадете повеќе модар патлиџан, јаболка и тиквички бидејќи ги намалуваат нивоата на холестерол и ги отстрануваат вишокот телесни масти од телото. Ова го намалува ризикот од развој на болести поврзани со возраст: дијабетес, атеросклероза, дебелина.
Заменете го црниот чај со зелен.
Освен што треба да пиете повеќе зелен чај пијте и повеќе чиста вода. Најмалку 1,2 литри дневно.
Внимавајте со внесувањето на масти (нека биде умерено).
Најчеста грешка која се дозволува, е лишувањето од производите што содржат масти, плашејќи се од дебелеење. Мастите ја хидратираат кожата, што е важно во оваа возраст, за да се зачува младоста на телото. Обрнете внимание на незаситените масти кои се содржат во маслиновото масло и ореви.
Не се изложувајте на стресни ситуации
Почетокот на менопаузата често доведува до влошување на расположението. Научете како да ги контролирате вашите емоции и да не барате утеха во содржината на фрижидерот.
По 45-тата година можно е да ви се намали чувството за вкус. Не ја зголемувајте количиата на сол во јадењата. Пробајте лесно, но ефикасно вежбање – брзо одење (најмалку 45 минути на ден) и вежбање со тегови (30 минути 2 пати неделно).