Под 70 калории од пороција: Двете најдобри диетални салати во кои може да уживате пред спиење
Сите знаеме колку е штетна доцната вечера, затоа што во текот на ова време од денот, организамот ја преработува веќе консумираната храна и како резултат на овој доцен оброк, лесно може да добиеме несакани вишок килограми.
Токму за оваа цел, во продолжение ви ги претставуваме 2-те најдобри диетални салати во кои безгрижно може да уживате во доцните часови, бидејќи само една порција од истите содржи помалку од 70 калории!
1. Салата Црвено море
Потребни состојки
- 250 гр ракчиња
- 300 гр домати
- 50 гр црвена пиперка
- 100 гр нискомаслено сирење
- 10 гр лук
Начин на подготовка
Исечете ги ракчињата и пиперката, воедно исечете го и доматот на парчиња, отстранете ги семињата и течноста. Ситно изрендајте ги сирењето и лукот, а потоа добро измешајте ги сите состојки заедно и посолете по вкус. По желба, додадете и зелени зачини.
2. Зелена салата со специјален сос
Потребни состојки
- 6 супени лажици исечена зелка
- 2 моркови
- 1 црвен кромид
- 15 гр копар
- Половина шолја кисело млеко
- 2 супени лажици сенф
- 1 супена лажица вода
- 2 кафени лажици сок од лимон
- Сол и мелен црн пипер по вкус
Начин на подготовка
Изгмечете ги зелката и морковите, а морковите изрендајте ги. Изматете го киселото млеко со сенф, вода и сок од лимон во голем сад, а потоа во истиот додадете ги зеленчуците и зачините. Добро измешајте ги сите состојки заедно и додадете сол и мелен црн пипер по вкус.