Погледнете како изгледа новиот раскошен дом на Меган и Хари, во кој отсега ќе живеат
Откако од неодамна принцот Хари и војвотката Меган Маркл објавија дека официјално се откажуваат од нивните кралски должности, парот ја напушти Велика Британија и замина да живее во Канада. Но, сепак, плановите на двојката повторно се променија.
Наместо како што многумина шпекулираа дека со напуштањето на Канада, Хари и Меган ќе се вратат повторно во Лондон, всушност ова лето парот планира да се пресели во Лос Анџелес, со цел Меган да биде поблизу до нејзината мајка.
Во продолжение погледнете како изгледа новиот дом на славниот пар, во кој отсега ќе живее, а кој е сместен во прекрасниот Малибу:
Интересно е што овој дом претходно му припаѓаше на актерот Мел Гибсон.