Погледнете како се прави „гужва“ на Гугл Мапс
Ова видео покажува како едно лице успева да го измами „Гугл мапс“ и да создаде сообраќаен метеж, со количка полна со телефони.
Експериментот, кој беше снимен во Берлин, покажува човек како влече 99 мобилни телефони преку празен мост, за да види дали „Гугл мапс“ ќе регистрира некаква промена во сообраќајот.
Додека телефоните минуваа преку мостот, картата постепено се ажурираше во портокалова а потоа во црвена боја што покажува дека на улицата има „огромен сообраќаен метеж“ иако населбата беше празна.
Тоа е затоа што наместо да се користат камери како типични системи за следење на сообраќајот, Гугл работи со користење на GPS податоци од паметни телефони за да се утврди колку автомобили има во одредена област во одредено време.