Погледнете во каков луксуз живее Џенифер Лопез со нејзиниот сакан Алекс Родригез
Многумина му завидуваат на славниот пар во луксузот во кој живеат, а откако ќе ги погледнете фотографиите, ќе ви стане сосема јасно и зошто е тоа така. Краток период пред да стапат во брак, Џенифер и Алекс го купија овој имот во Мајами.
Станува збор за супер луксузен дом на островот Стар, кој буквално личи на кралска палата. За новиот дом, двојката одвои 40 милиони долари, а раскошот се состои од 10 спални соби, 12 бањи, простран дневен простор исполнет со антички мебел, специјална винарија декорирана со дрвена ламперија, а има и внатрешен базен со рајски поглед кон заливот Баскин.
Погледнете како изгледа сето тоа: