Погрешно сме ги приготвувале тестенините! Експертите за италијанска кујна откриваат кој е правилниот начин
За љубителите на тестенините, нема ништо поубаво од совршено направените шпагети болоњезе или карбонара макарони. А сега експертите за италијанска кујна ни ја откриваат формулата за нивната совршена подготовка!
Џиовани Рана, вистински експерт и познавач на деликатесната италијанска кујна, приготвува тестенини веќе 59 години, односно од 1960-та година, а има и сопствен бренд за тестенини кој е развиен во повеќе од 50 држави.
Специјалистот од Верона и неговата снаа, Антонела Рана, сега ни ја откриваат тајната за вистинските и оригинално приготвени тестенини!
Како совршено да ги приготвиме тестенините?
Зборувајќи за митот што многу луѓе ширум светот го практикуваат, односно фрлаат една шпагет кон ѕидот да проверат колку тестенините се сварени, Џиовани вели: “Постојат многу урбани легенди, па сите прават различно. Но, вистината е дека во различни краеви, односно луѓето имаат различни вкусови. Некои тестенините ги сакаат помеки, некои поцврсти.”
Во однос на совршеното време за варење на истите, експертот советува: “Би им препорачал на сите едноставно да ги следат упатствата на амабалажите од тестенините. А доколку приготвувате свежи тестенини, за нив потребни се само 2 минути”– додава Џиовани, опфаќјаќи го и фактот дека во медитеранските земји, многу луѓе дома си ги приготувуваат тестенините, наместо да ги купуваат готови од продвница.
Кога прави разлика меѓу различните тестенини, Рана вели дека, на макароните, за разлика од шпагетите им е потребно повеќе време, околу 10-11 минути им треба за да се сварат.
Луѓето треба да ги следат инструкциите: “Почекајте ги меурчињата, потоа додадете сол, започнете да го мерите времето и проверувајте ги тестенините на секои 2 минути. Потоа исцедете и сервирајте”– дели експертот Рана.
Пред да го додадете сосот, цедете ги тестенините во времетраење од 15 секунди. Ако е напишано 2 минути, цедете ги 1 минута и 50 секуниди, а во последните 10 измешајте ги набрзина со сосост. Така тестенините нема да бидат премногу сварени и ќе ја одржат својата текстура.