Полициски службеник кој беше прогласен за мртов по цунамито во Индонезија во 2004 година е пронајден жив откако наводно имал нервен слом среде трагедијата и завршил во психијатриска болница во последните 16 години.

Абрип Асеп бил на должност кога цунамито во Индискиот Океан ја погоди Индонезија во 2004 година, соопшти неговото семејство.

Неговите роднини беа скршени бидејќи веруваа дека тој е меѓу повеќе од 230.000 луѓе кои беа убиени кога брановите високи до 100 метри ја зафатија југоисточна Азија.

Но, среќа, Асеп е пронајден и повторно обединет со своето семејство по скоро две децении, според локалните медиуми.
Асеп беше пронајден во психијатриска болница во провинцијата Ацех, Индонезија, бидејќи страдал од проблеми со менталното здравје поради траумите на кои бил сведок за време на цунамито.

Тој беше пријавен за исчезнат од неговото семејство откако природната катастрофа ја погоди најзападната индонезиска провинција Ачех, а подоцна беше прогласен за мртов.

Но, неговите роднини рекоа дека направиле шокантното откритие , дознале дека Асеп бил уште жив во последните неколку недели откако фотографиите беа споделени во разговор во семејна група на социјалните мрежи.

Роднина рече: „Не можев да верувам, 17 години немав никаква вест и помисливме дека почина, не знаевме дека е сè уште жив“.
Локалната полиција потврди дека мажот пронајден во психијатриската болница е Абрип, пријавен како исчезнат за време на цунамито, а подоцна прогласен за мртов.

Портпарол на регионалната полиција Ачех изјави: „И покрај тоа што тој  со ментална болест поради цунамито, неговото семејство е многу благодарно што го најде жив“.

Нејасно е зошто неговото семејство не било известено дека тој е во психијатриската болница.

Архипелашката држава Индонезија беше најпогодена земја во Југоисточна Азија кога земјотресот во Индискиот Океан беше проследен со цунами на 26 Декември 2004 година.

Цунамито беше ефект на подводен земјотрес нешто по 1 часот по полноќ, трет најголем земјотрес досега забележан на сеизмограф, со јачина од 9,0-9,3 степени.

Гигантското движење на водата што следеше, забележа бранови до 100 метри на бреговите на Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд.

Индонезија беше сериозно погодена од цунамито, со најмалку 167 000 жртви. Се берува дека реалната бројка е 200 000 жртви.

Но, малку е веројатно дека ова некогаш ќе се потврди бидејќи илјадници тела никогаш не можеле да бидат пронајдени, бидејќи биле одвлечени во морето од моќните бранови.