Полициски началник од Охајо ќе биде погребан заедно со верното куче откако и двајцата починаа во ист ден
Пензиониран началник од Охајо, САД и неговиот сакан придружник ќе бидат погребани заедно откако и двајцата починаа на истиот ден.
Поранешниот началник на округот Џога, Дан Мекеланд, почина од рак на 67-годишна возраст, во Средата, на 14 Април, само неколку часа пред смртта на 16-годишната Миџ, неговото куче-партнер за детектирање на дрога.
67-годишникот се пензионираше во 2016 година по 13 години поминати како началник, од кои 10 ги помина со својот верен пријател и соработник, кучето Миџ. Се смета дека Миџ починала од скршено срце по загубата на нејзиниот сопственик со кој била многу поврзна.
Меклеланд и Миџ станаа познато дуо откако Гинисовата книга на рекорди официјално го прогласи кучето (мешавина од териер и чивава) за најмало полициско куче на светот во 2006 година.
Скот Хилденбранд, новиот началник на округот изјави:
„Тој често на шега велеше дека Миџ е попопуларна од него и дека луѓето често знаеле да се поздрават со кучето наместо со него велејќи: Еј ене ја Миџ и оној началник на кој никој не му го помни името“.
Меклеланд и Миџ биле незапирливо дуо, поради малиот раст, кучето било совршено за детекција на дрога во автомобили бидејќи можело да влезе во тесни простори без да копа и да го уништи интериерот како што често прават големите вучјаци.
Во 2016 година Меклеланд ги шокирал своите колеги кога споделил со нив дека ќе се пензионира за да може да патува низ САД заедно со неговата сопруга Беверли и кучето Миџ.
Хилденбранд се присети: „Тој помина 44 години заштитувајќи ги луѓето во оваа област и искрено ја сакаше својата работа. Никогаш не помислив дека ќе се пензионира“.
Меклеланд и Миџ ќе бидат погребани заедно, нека почиваат во мир.