Полицијата му ставила лисици на расплакано аутистично момче од банална причина
Ова е шокантниот момент кога 9-годишно аутистично момче било уапсено во неговото училиште откако учителите повикале полиција за да се справат со „тепачка со насилници“. Момчето било одведено во поправен дом, по што било оптужено за „малолетничко насилство“. Таткото на момчето тврди дека неговиот син се обидувал да се одбрани од насилниците кои го нападнале.
Според таткото момчето било нападнато два пати од насилникот во рок од четири дена. Кога повторно го удрило, започнала тепачка која што една учителка успеала делумно да ја прекине, но момчето во паника ја удрило и учителката. Подоцна и се извинило, а полицијата ја тргнала оптужбата.
Таткото на момчето тврди дека неговиот 9-годишен син уште има трауми од апсењето и го осудува начинот на кој полицијата се справила со детето. Од училиштето во Индијана, САД тврдат дека тие со право повикале полиција, затоа што била загрозена безбедноста на ученицте и персоналот во училиштето.