Полнети печени компири
Потребни состојки
2 супени лажици маслиново масло
150 g сецкана сланина
4 чешниња сецкан лук
½ лажиче мелен црн пипер
½ шолја бело вино
4 жолчки и четири јајца
1 шолја рендано пекорино сирење
1 шолја рендан пармезан
4 големи печени компири
3-4 лажици сецкан магдонос
3 лажици стопен путер
Загрејте го маслото на средно висока температура, додајте ја сланината и пржете 2-3 минути. Потоа, додајте ги лукот и црниот пипер и мешајте уште 1 минута. Ставете го виното и гответе се додека не останат 2-3 лажици течност во тавата, а потоа тргнете ја од огнот.
Сварете ги жолчките на пареа.
Пресечете ја горната третина од печените компири, отстранете ја внатрешноста и ставете ја во подлабока чинија. Во неа додајте ги жолчките, сланината, половина од сирењето и магдоносот. Наполнете ги компирите со смесата и премачкајте ги со малку стопен путер. Одозгора ставете го остатокот од сирењето. Наредете ги полнетите компири во тава и печете ги додека не добијат црвеникава боја. Извадете ги и врз секој компир ставете по едно јајце. Вратете ја тавата во рерната и испечете ги јајцата. Може да се сервира со топка павлака врз секој компир.