Летната сезона е совршена за консумирање летни и освежителни јадења, а токму нашиот денешен рецепт е идеален за еден летен ручек, кој дефинитивно никого нема да остави рамнодушен!

Полнети тиквички

Летната сезона е совршена за консумирање лесни и освежителни јадења, а токму нашиот денешен рецепт е идеален за еден летен ручек, кој дефинитивно никого нема да остави рамнодушен!
Total Time1 hour
Course: Главно јадење
Cuisine: Медитеранска
Клучни зборови: печени тиквички, полнети тиквички, тиквички
Servings: 4

Ingredients

  • 3-4 тиквички
  • 1 глава кромид
  • 350-450 гр мелено пилешко месо
  • 1-2 јајца
  • По вкус сол и мелен црн пипер
  • Неколку домати
  • 50-80 гр лебни трошки
  • 50-70 гр кашкавал

Instructions

  • Излупете ги тиквичките, а доколку се млади, може да ја оставите нивната кора. Но, ако се поголеми, сепак најдобро е да ги излупите. Исечете ги на кругови, чија дебелина треба да биде 1,5-2 цм.
  • Со помош на кафена лажица или соодветна мала чаша со остри рабови, исечете ја средината од круговите.
  • Посолете ги прстените од тиквички, а нивната извадена средина измешајте ја заедно со кромид, во блендер или со помош на пасатор.
  • Следно додадете ги и меленото месо, солта и мелениот црн пипер. Ако смесата е течна, во истата додадете 1-1,5 супени лажици гриз и добро измешајте. Наполнете ги прстените од тиквички со добиената смеса и поставете ги во сад, на хартија за печење.
  • Премачкајте го секој круг со јајце и нанесете лебни трошки. Исечете ги доматите исто така на кругови и поставете по еден круг врз секој од прстените од тиквичка.
  • Вклучете ја рерната на 180°C и веднаш штом ќе се загрее, поставете го јадењето да се пече 35 минути.
  • Изрендајте го кашкавалот, извадете ги тиквичките кога ќе се готови и истиот нанесете го, а потоа вратете ги тиквичките да се печатд ополнителни 5 минути, за да се растопи кашкавалот.