„Ѝ помагам на мајка ми финансиски, но мојата сопруга и тештата се противат на тоа. Како да постапам?“
„Одгледан сум од самохрана мајка. Живеевме многу добро заедно, таа никогаш не ми се мешаше во личниот живот, а ја отсекогаш се обидував да помогнам финансиски за домот…“ Прочитајте во продолжение за човекот кој се соочува со тешка животна дилема.
Земам средна плата на просечен работник во провинциски град. Секогаш својата половина сум ја давал на мајка ми. Втората половина ја оставав за себе и си го живеев својот живот: Одев во теретана, им купував подароци на девојките, си купував облека, за домот.
Во еден момент ја запознав „вистинската“ и решивме да стапиме во брак. Елена од претходниот брак имаше двособен стан и 6-годишна ќерка, Ксенија.
За жал, со сопругата никогаш немав разговарано за карактеристиките на семејниот буџет пред свадбата. Сега заради начинот на кој јас ја распределувам мојата плата имаме несогласувања, дури и скандали.
Елена заработува малку повеќе од мене. Но, таа апсолутно не се согласува и воопшто не го сака тоа што јас й помагам на својата мајка. Но, јас не знам за поинаку. Свесен сум дека без мојата финансиска поддршка, мајка ми едноставно ќе умре од глад. Така и речиси беше на почетокот кога се оженив.
Мајка ми живее сама во трисобен стан стан. Во текот на зимскиот период има огромни сметки за струја и парно. Нема помош од никој, иако јас сè уште сум запишан дека живеам на таа адреса, бидејќи сопругата не сакаше да ме пријави на својата адреса на живеење.
Мајка ми ги плаќа поголемиот дел од сметките од својата скромна пензија и на крај всушност живее со 60 денари на ден. Затоа јас одлучив и јас да учествувам во плаќањето на нејзините сметки.
Мојата сопруга започна да приредува скандали, токму поради тој дел од мојата плата, што го давав на мајка ми. Ми рече дека поразумно е тие пари да ги давам на мајка ми. Истовремено, доколу навистина й е толку тешко на мајка ми, предложи да й обезбеди работа како чистачка во нејзината компанија.
Јас самиот започнав да пребарувам можности за дополнителна работа. Постојаните караници за парите ме срушија. Ако знаев дека ќе беше вака, немаше воопшто да стапувам во брак.
Иако разбирам многу добро, свесен сум дека ако ги решам финансиските проблеми, целиот овој проблем ќе изчезне.
Што би ме советувале да направам? Како да постапам во оваа ситуација?“