За прв пат стујардесите се појавиле на почетокот на 20-ти век, пред тоа само мажите можеле да служат во авионите. Првата жена стујардеса била 25-годишна медицинска сестра која започнала да работи на летови во 2930-та година, а до 1936-та жените, речиси целосно, ги замениле мажите во оваа позиција. Барањата и регулативите за стујардесите станувале сè построги од година во година и тие се однесувале не само на нивната физичка состојба и компетентност, туку и на нивниот изглед.

Ние ќе ви откриеме кои правила постоеле во минатото, а кои од нив важат и денес.

Строгите норми од минатиот век.

Пред 50-60 години, барањата за стјуардесите биле многу построги, тие морале да внимаваат на својата тежина, обликот на телото и да се држат до одреден кодекс на облекување, кој во 60-тите-70-тите години, ги обврзувал да носат кратки тесни здолништа. Една жена што работела во тие времиња, рекла дека порано, стујардесите носеле мидер, што им давала „соодветна“ форма на телото. Ако стјуардесата се здебели, наполни 32-35 години или се омажи, таа била отпуштена.


Денес, авиокомпаниите веќе не го контролираат личниот живот на нивните работници и немаат невообичаени барања од нив, но сепак, стјуардесите треба да изгледаат соодветно. Ова се главните барања за стјуардесите во денешно време.

Нема потреба да изгледаат како манекенки.

Спротивно на популарното верување, стјуардесата не мора да има фигура слична на модел. Минималната висина треба да биде 165 cm, и таа треба да може да достигне до 210 cm со испружена рака. Ова е потребно за таа да може да ги става работите на горните рафтови во авион и да може да ги симне.

Возраста е важна, но и постарите жени можат да бидат стјуардеси.

Минималната возраст за работа во воздух е од 18 до 21 година. Максималната возраст нормално не се споменува бидејќи ќе звучи како дискриминација, сепак, по 30-32 години жените почнуваат да работат како помошен персонал. Но, ова не се случува со сите авиокомпании. На пример, на фотографијата погоре е прикажана американската стјуардеса, Бет Неш, во 2017 година. Во тоа време, таа имаше 81 година и активно работеше како стјуардеса.

Совршена кожа.

Стјуардесата е лице на компанијата. Затоа не треба да има лузни на лицето или на видливи делови од телото. Истата работа се однесува за мозолчиња, белези и тетоважи. Да се ​​направи тетоважа на грбот или на бутот е дозволено во повеќето компании, но дури и мал цртеж на глуждот, зглобот или вратот ќе ви гарантира дека нема да бидете вработени како стјуардеса.

Остриот вид е задолжителен.

Стјуардесите мора да имаат 100% добар вид. Во спротивно, тие ќе мора да носат леќи. Како по правило, авиокомпаниите дозволуваат носење очила дизајнирани да ги исполнуваат критериумите за имиџ на компанијата. Сепак, некои компании сè уште претпочитаат леќи, а очилата се дозволени само доколку лекар ви забрани да носите леќи.

Холивудска насмевка.

Стјуардесите секогаш им се смеат на патниците и нивните насмевки треба да бидат убави. Идеално,секој вработен треба да има бели и прави заби. Протези се дозволени во некои авиокомпании, додека други нема да ги толерираат.

Заборавете на шарена коса.

Она што стјуардесата може да го стори со косата често е ограничено. Авиокомпаниите се познати по тоа што забрануваат „ексцентрични“ фризури. Неприродните бои на косата, како розовата или сината, честопати може да бидат забранети.

Нема темни лакови.

За стјуардесите е задолжително да имаат маникир. Должината на нивните нокти и нивната боја се одредуваат според правилата на секоја авиокомпанија. Нормално, тоа е класичен маникир познат како маникир во француски стил.

Шминката е исто така задолжителна.

Шминката може да биде исто така задолжителна работа. На пример, некои авиокомпании може да бараат стјуардесите да носат кармин или сјај за усни. Ова обично се очекува од женските стјуардеси, а од друга страна, некои авиокомпании се познати по тоа што им забрануваат на стујартите да носат шминка.

Тие треба да носат штикли кога се на аеродром.

Политиката на различни авиокомпании се разликува, но повеќето од нив ги обврзуваат стјуардесите да се појавуваат облечени само со високи потпетици кога се на аеродром. Изгледа убаво и претставително, иако не е многу пријатно. Кога се на лет, жените облекуваат рамни чевли.

Нема многу накит, но потребно е да носите рачен часовник.

Дозволено е само: обетки со разумна големина, разумен часовник и не повеќе од 2 прстени на рака, вклучувајќи ја и бурмата.