Поминала 27 години во кома, а се разбудила откако слушнала нечиј многу важен глас
Мунира Абдула од Обединетите Арапски Емирати имала сообраќајна несреќа во 1991-та година. При несреќата се здобила со повреда на мозокот, поради која паднала во кома.
Мунира имала само 32 години кога се здобила со тешка повреда на мозокот, при сообраќајна несреќа со автобус во Ал Аин, во 1991-та година.
Оттогаш поминале дури 27 години и жената речиси 3 децении од својот живот го поминала во вегетативна состојба.
Но, минатата година, откако била префрлена на рехабилитација во болница во Германија, Мунира конечно се разбудила откако го слушнала гласот на нејзиниот син.
Нејзиниот син Омар гласно се расправал со вработените во ходникот, а тие посилни звуци ја разбудиле неговата мајка, која веднаш започнала да го довикува.
Омар го опишува моментот кога Мунира се разбудила: „Скокав од среќа! Тоа беше неверојатен момент кој засекогаш ќе го паметам“– изјавил тој за арапскиот национален портал.
Истовремено ја раскажал случката за несреќата, која, кога се случила, Омар имал само 4 години. Требало да биде земен од градника, но бидејќи немало слободни автобуси, Мунира дошла заедно со деверот до училиштето на Омар, а на тргнувањето назад, биле удрени од автобус.
Во моментот на судирот, Мунира се фрлила врз нејзиниот син, за да го заштити, при што се здобила со тешка повреда на мозокот, а нејзиниот син поминал без ниту една модринка.
Мунира поминала 27 години во кома, а нејзиното семејство, во текот на истата, не било задоволно од третманот којшто го добивала нивната сопруга и мајка, па ја префрлиле во Лондон.
Но, од таму Мунира повторно била вратена во Емиратите и токму пред да изгубат целосна надеж дека некогаш ќе ја видат оздравена, шеикот Мухамед Бин Зајед, крунисаниот принц на Абу Даби слушнал за нивниот случај и направил се, за Мунира да го добие најдобриот третман.
Така, таа била преместена во болница во Германија, кадешто конечно се разбудила откако го слушнала гласот на својот син.
Сега таа е во можност да чита молитиви и пред се, да разговара со нејзините најблиски.