Популарниот рецепт со здравец и ореви кој брзо ја елиминира и најупорната кашлица
Никој не сака себеси и своите најмили да ги труе со лекарства за кашлица, а воедно доколку го претпочитате природниот начин за негување на вашето здравје, пробајте го следниот домашен рецепт.
Станува збор за популарен рецепт со здравец и ореви кој брзо ја елиминира и најупорната кашлица. Во продолжение прочитајте како да го приготвите.
Домашен лек против кашлица
Потребни состојки
- 3 сомелени ореви со лушпи
- 3 супени лажици босилек
- 3 листови здравец
- Малку шеќер или мед
Начин на подготовка и употреба
Поставете 500 мл вода да се зоврие, а потоа додадете ги сите останати состојки, без шеќерот. Смесата се остава да врие на слаб оган 5 минути, а потоа се остава да отстои 20 минути. Кон истата, може да додадете шеќер или мед. Потоа се прецедува и се дели на 3 делови кои треба да ги испиете преку денот.
Овој рецепт наменет за една доза, за еден ден, а истиот дејствува веднаш.