Возраста на жената може во голема мера да се види на нејзините дланки. Колку и да има младешки изглед на лицето, изгледот на рацете, дури и вратот може да ги издадат нејзините вистински години.

Сакате кожата на дланките повторно да биде мека и нежна?

За тоа не треба да купувате скапи производи и креми за избелување на кожата, кои не само што се слабо ефикасни, туку можат и да ја оштетат вашата кожа.

Во продолжение прочитајте го рецептот за природна маска за раце, со која ќе заборавите за темните старечки пеги и дамки. Ќе бидете изненадени од резултатите!

Потребни состојки:

1 лажица мед

1 лажица јогурт

1 лажица сок од лимон

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во блендер. Нанесете ја маската на погодената област и оставете ја да делува 15 минути.

Потоа тргнете ги слоевите.

Оваа маска се препорачува да се нанесува навечер, бидејќи содржи лимон.

Повторете ја постапката не повеќе од двапати неделно.