Порите на лицето не треба да бидат видливи: 3 лесни рецепти кои ќе ги намалат истите и ќе го измазнат вашето лице
Секој човек има милион пори по површината на целата кожа. Тие не треба да бидат видливи, но често ситуацијата е обратна и знае да се случи токму спротивното.
Постојат многу козметички производи кои ги стеснуваат порите, но полесно и поприродно е да се практикуваат докажани домашни методи.
Во продолжение открјте 3 домашни рецепти за стеснување на порите, по само неколку употреби
1. Оцетен тоник
Потребни состојки
- 1 супена лажица јаболоков оцет
- 5 супени лажици вода за пиење
Начин на подготовка
Измешајте ги заедно состојките и складирајте го добиениот тоник во шише со пумпа, за да тоникот може да го нанесувате во форма на спреј. Нанесете го на лицето, почекајте да се исуши, а потоа нанесете навлажнувачка крема за лице.
2. Крема со алое вера
Потребно е во вашата ноќна крема да додадете гел од алое вера. Нанесете го на лицето и оставете да отстои во текот на целата ноќ. Следното утро добро измијте го лицето со вода.
3. Маска од јајце
Потребни состојки
- 1 белка
- 2 супени лажици овесни снегулки
- 2 супени лажици сок од лимон
Начин на подготовка
Измешајте ги сите состојки заедно до добивање мазна смеса. Потоа нанесете ја истата на лицето и оставете да отстои 30 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.