Порите на лицето не треба да бидат видливи со голо око – Лесен домашен рецепт кој ќе го измазни вашето лице
Секој човек има речиси милиони пори на лицето. Сепак, истите не треба да бидат видливи, но често, ситуацијата е сосема различна. Токму за оваа цел денес ви откриваме испорбано домашно решение за овој проблем!
Домашна маска за мазно лице без пори
Потребни состојки
- 1 белка
- 2 супени лажици овесни снегулки
- 2 супени лажици сок од лимон
Начин на подготовка и употреба
Измешајте ги сите состојки заедно до добивање на една соединета смеса. Нанесете ја готовата маска на вашето лице и оставете ја да отстои 30 минути. На крај, исплакнете со ладна вода.
Практикувајте го нанесувањето на оваа домашна маска 2 пати неделно, до добивање на посакуваните резултати.