Постојат милион ветувачки реклами за „супер храна“ за слабеење, кои всушност се само и токму тоа, реклама, чија цел е профитот, наместо вистинските ефикасни и здрави резултати.

За ефикасно слабеење не е потребно да барате чуда од производи по Интернет и доколку се наоѓате во ситуација пред одење на море или имате некој свечен настан и посакувате да се ослободите од неколку килограми вишок, тогаш изберете тоа да го направите на природен, правилен и ефикасно брз начин.

Токму за таа цел ќе ви помогне диетата со пченична каша, со која може да ослабнете дури 5 килограми вишок. Станува збор за диета со помош на која ќе ослабнете, без притоа да гладувате. Истовремено кашата го забрзува метаболизамот, ја обновува дигестивната функција и помага да се ослободите од непријатната состојба на опстипација.

Чудесната каша воедно ќе ви помогне да го регулирате нивото на лошиот холестерол во крвта. А поради нејзиниот висок гликемичен индекс, се препорачува истата да ја практикувате само 4 дена, а потоа да направите пауза.

Консумирањето на кашата треба да биде во мали порции, а притоа треба додека ја држите диетата и да пиете многу вода.

Диета со пченкарна каша

Прв ден

400 гр пченкарна каша, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода

Втор ден

Удвојте го менито од првиот ден

Трет ден

400 гр пченкарна каша, 300 гр салата од зелка и моркови, зачинета со сок од лимон и 1 кафена лажица масло за готвење, 2 литри вода, 3 шолји зелен чај без шеќер

Четврт ден

Удвојте го менито од третиот ден

Како да ја приготвите пченкарната каша

За да пченкарната каша ви помогне брзо и ефикасно да ослабнете, потребно е истата да биде правилно приготвена, без притоа да додавате млеко и шеќер во неа.

Потребни состојки

  • 50 гр фино мелено пченкарно брашно
  • 200 мл вода
  • 5 кафена лажица масло за готвење
  • Малку сол

Начин на подготовка

Добро исплакнете го пченкарното брашно со чиста вода. Потоа во тенџере ставете вода и оставете ја истата да зоврие, а потоа додадете и малку сол.

Следно, во топлата вод, додадете го и пченкарнотобрашно, измешајте добро и гответе на тивок оган 15-20 минути. На крај во добиената каша, додадете малко масло за готвење.