„Поставив компири во новите чевли и веќе следниот ден можев да ја почувствувам разликата“
Најверојатно речиси секој човек, барем еднаш во својот се соочиле со проблемот на тесните нови купени чевли. А додека истите да се опуштат и станат удобни за носење, ние сме принудени да ја трпиме неподносливата болка.
Но, без грижи! Постои еден многу лесен начин како да ги проширите новите тесни обувки, пред вашите стапала да бидат премногу повредени.
Денес ви откриваме еден многу едноставен начин, кој нема да му наштети на вашиот домашен буџет, а резултатите ќе ги добиете веќе следниот ден!
Лесен и ефикасен трик за проширување на тесните обувки
Земете компири и истите олупете ги. Следно завиткајте ги во весник и така поставете ги внатре во чевлите. Оствете ги компирите да отстојат внатре во чевлите 10-12 часа. За тоа време, влагата од зеленчукот ќе испари и ќе биде впиена во ѕидовите на обувките, што ќе ги натера истите да се прошират и опуштат.
Покрај компирите, друг домашен начин на кој може да го постигнете истиот ефект со пластични ќеси, при што истите ќе биде потребно да ги наполните со вода и да ги поставите во чевлите, а чевлите да ги поставите во ладилникот на 6-10 часа.
Благодарение на овие домашни трикови вашите чевли ќе бидат доволно проширени, за да вие конечно ќе можете да уживате во нивното носење, без да трпите болка.