Потиснатите емоции со текот на времето се претвораат во заболувања – Еве која емоција со кој орган е поврзана
Секој од нас има ден кога е тажен, лут, возбуден и среќен и тоа е сосема нормално и здраво, бидејќи треба секоја емоција да ја искусиме. Но, доколку една емоција трае предолго време или е со јак интензитет, тоа сериозно може да го наруши нашето здравје.
Уште од древни времиња се зборува за поврзаноста на емоциите со органите, а еве кое чувство врз кој орган влијае негативно:
1. Радост – срце
Емоцијата на радост е поврзана со срцето. Многумина се прашуваат како е можно радоста да може да му наштети на секој орган, кога сите сакаат да бидат среќни. Одговорот лежи во нерамнотежа што може да произлезе од премногу возбуда или ненадејната добра вест што може да биде шок за системот.
Изворите на стрес можат да бидат и позитивни и негативни. На пример, губењето работа е значаен извор на стрес, но стресот може да предизвика и унапредување на работа, брак или раѓање на дете, иако сите овие се среќни настани.
2. Лутина – црн дроб
Прекумерниот или неискажан гнев влијае на црниот дроб. Бидејќи гневот по својата природа предизвикува qi i (енергија) да се движи нагоре, при што може да доведе до вцрвенето лице и очи, потење на скалпот, висок крвен притисок, чешање на кожата.
3. Тага – белите дробови
Ако сте тажни подолго време и ако тоа чувство е многу интензивно, може да бидете уморни, постојано да плачете, да се манифестира депресија и често да снемате здив. Тагата е поврзана со белите дробови и затоа често воздивнуваме кога сме тажни.
4. Страв – бубрези
Емоцијата на страв е поврзана со бубрезите. Ако некое лице е загрижено долго време, презаситено и парализирано од стравови и неизвесност, може значително да влијае на бубрезите.
5. Грижа – слезината
Нашата сегашност е таква што во најголем дел сите се грижиме за некого или за нешто. Оваа емоција ја испразнува енергијата на слезината, што може да биде причина за дигестивни нарушувања и на крајот да доведе до хроничен замор.
Како да постигнете рамнотежа?
Античките Кинези верувале дека здравјето подразбира рамнотежа на човечкото физичко, емоционално, енергично и ментално здравје и тело. Ова значи дека за да бидеме здрави, не е доволно само да јадеме здраво, туку мора да се грижиме и за тоа како се однесуваме, како дишеме, спиеме, како мислиме!