Поучна приказна: Љубовта објаснува сè
Во далечна источна земја живеел калиф по име Харун ара-Рашид. Тој дознал дека бедуинот и поетот по име Кајс се вљубил во локална девојка по име Лејла и го изгубил разумот по неа, тој станал љубопитен да ја запознае девојката.
„Таа Лејла е сигурно страшна жена. Можеби е невидена убавица со редок шарм. Морам да ја запознаам.“, рекол Харун.
Возбуден и заинтригиран, тој направил се што е во негова моќ за да ја види Лејла. Сакал лично да се убеди во нејзините квалитети. Конечно неговите луѓе успеале да ја грабнат од дома и да ја доведат кај калифот. Кога Лејла го токрила нејзиното лице, Харун бил разочаран. Не дека Лејла била грда или стара но не била и којзнае колку привлечна за калифот. Таа била најобична жена како многуте што ги имал во калифатот. Харун не го криел неговото разочарување.
„За тебе ли го изгуби разумот Кајс? Види се, ти изгледаш сосема обично! Што е толку посебно кај тебе штом толку многу те сака?“, ја прашал Харун.
Лејла се насмевнала мистериозно и во тој момент Харун знаел дека таа е посебна жена. Тогаш таа му одговорила: „ Да, јас сум Лејла, но вие не сте Кајс. Треба да ме видите со неговите очи. Инаку, никогаш нема да ја откриете тајната наречена љубов. Дали постои начин да ја сфатите љубовта ако првин не сте заљубени? Љубовта не може да се објасни. Таа само може да се доживее. Љубовта не може да се објасни, но објаснува сè.“