Пожарникар фати бебе фрлено од вториот кат
Американскиот пожарникар Роберт Сатон фати бебе, фрлено од вториот кат на запалена зграда во Џорџија. Сатон изјави дека слушнал разговор од вториот кат на зградата и видел новороденче на прозорецот од соба полна со чад.
-Го слушнав таткото на детето кој бараше помош и видов како виси низ прозорецот со бебе во рацете и му реков да го пушти. Ветив дека ќе го фатам – вели пожарникарот, кој за прв пат бил во таква ситуација.