Пожарникар спасил мачка од шумски пожар во Калифорнија и сега таа не може доволно да му се заблагодари
Неодамнешните шумски пожари низ државата Калифорнија досега земаа 80 жртви, со што станаа најсмртоносните за нацијата во изминатиот век. Сè уште има околу 700 луѓе за кои нема податоци. Градот Парадајс се претвори во „токсична пустелија“. Меѓутоа, капетанот Рајан Колман од Одделот за противпожарна заштита на долината Фервју сепак успеал да најде преживеан.
„Спасување на маче“, напишал тој на Фејсбук, објавувајќи го неговото видео.
Колман ја објавил својата прва смена во областа на 10-ти ноември, испраќајќи го своето срце и молитви до семејствата што ги загубиле своите домови и сите луѓе што ги загубиле своите најблиски.
„Се надевам на безбедноста на мојата екипа и на другите пожарникари“, додаде тој. „Возбуден сум што сум тука да помогнам, и јас сум подготвен да почнам да го правам она што го правиме!“
Очигледно е дека мачето одлучило дека нема да го напушти нејзиниот херој.