Познат готвач го открива неговиот ефикасен рецепт за течен имуностимулатор – Моќен антивирусен ефект со 3 состојки
Популарниот бугарски готвач Андре Токев важи за еден од најистакнатите личности во неговата професија, кој моментално ја предводи популарната кулинарска емисија „Master Chef“.
Во моментот кога секакви рецепти за зајакнување на имунитетот се актуелни и повеќе од добредојдени, Токев го открива неговиот ефикасен рецепт за течен имуностимулатор, кој дава моќен антивирусен ефект.
Течен имуностимултаро со моќен антивирусен ефект
Потребни состојки
- 1 литар вода
- 2 супени лажици рендан или исто исечен ѓумбир
- 1 кафена лажица куркума
- 1 лимон
Начин на подготовка
Поставете ја водата со ѓумбирот да се варат 5 минути. Следно, отстранете го садот од оганот и додадете 1 кафена лажица куркума, а потоа оставете ја смесата да се излади до 45-50°C. Потоа, додадете сок од 1 лимон и веќе вашиот чај ќе биде готов за консумирање!