Позната шминкерка ја открива тајната на совршените веѓи- Еве како лесно да ги обликувате во домашни услови
Апсолутно секоја жена сака да има убави веѓи, бидејќи тие го дефинираат нашето лице. Но, не секој има убаво обликувани веѓи по природа и потребно е самите да ги доведат до совршенство.
Постигнувањето на совршената форма, боја и текстура често знае да одземе многу време, а и нерви, особено тоа важи за дамите кои претпочитаат сами да ги обликуваат своите веѓи.
За таа цел, познатата шминкерка Пет Мегрет ни ја открива едноставната тајна на совршените веѓи. Во продолжение прочитајте како лесно да ги обликувате вашите веѓи во домашни услови, без многу труд.
Како лесно да ги обликувате вашите веѓи
За оваа домашна процедура ќе ви биде потребно: Конец, бел молив за очи и линијар.
Определете го центарот на вашето лице и обележете го, нанесувајќи линија со белиот молив.
Потоа, со помош на линијарот започнете да ги градите вашите веѓи. За да го пронајдете почетокот на веѓата, измерете 1 центиметар од двете страни на центарот и обележете го растојанието со точки.
Измерете линија од 5 центиметри од центарот, за да ја определите точката на прекршување на веѓите. Оваа точка исто така обележете ја со белиот молив.
За да го обележите крајот на веѓите, измерете 2 центиметри од точката на прекршување. Ова исто така може да го постигнете со цртање на линија од крилото на носот до надворешниот агол на окото.
Потоа обоете го конецот со бел молив и употребете го за да го обележите долниот дел од веѓите со линија, а исто така и горниот дел на веѓите, со линија паралелна на долната.
Следно потребно е да ја нацртате и третата линија на челото, прекршувајќи ги предните две линии и паралелните на нив. Ова ќе помогне за корегирање на формата на веѓите и за измазнување на асиметријата, доколку постои таква.
Потоа поврзете ја предната, точката на прекршување и крајната точка на веѓите, при што на овој начин целосно ќе ги исцртате веѓите.
Избришете ги линиите кои се вишок и пополнете ја формата со соодветен молив за веѓи.
Исто така може да употребите сенки за веѓи или и гел, за да им дадете на вашите веѓи максимално природен изглед.