„Правев сè возможно за да мојот син се разведе и да го земе детето од неа, но отсега…“
„Живеам во поголем град. Мојот син е добро момче. Заврши факултет и започна да работи во банка. И таму тој започна да се среќава со секакви… “ Прочитајте ја брутално искрената исповед на една свекрва.
Исповедта опишува како снаата била прифатена од страна на свекрвата, по нејзиното доаѓање во домот:
„Живеам во поголем град. Мојот син е добро момче. Заврши факултет и започна да работи во банка. И таму тој започна да се среќава со секакви…Веднаш сфатив зошто последната не сака да го пушти мојот син. Сакаше да остане во големиот град.
Веднаш му кажав на мојот син дека со таквите како неа може само да се забавува, за да си ги задоволи потребите. Но, да никогаш да не ги доведува дома, бидејќи никогаш нема да ги примам во мојата куќа!
По неколку месеци сепак ја доведе таа провинцијалка…Ја представи и ми рече, дека наскоро ќе станам баба! Испланирал Тања повремено да остане кај нас, бидејќи моментално не може да си дозволи да плаќа кирија, а воедно потребен й е мир и спокој, притоа и да се храни добро, за здравјето на бебето.
Го принудив да направи тест за татковство.
Едноставно бев многу против таа девојка, која веќе живееше со нас. Но, синот не презема ништо за да ја истера од куќата. Рече дека таа е најпрекрасната жена која премногу ја сака. Таа дури и се обиде да направи сè, за да ми се допадне. Чистеше, готвеше, дури и ми правеше кафе секое утро. А јас постојано се обидував да ја повредам, да ја провоцирам. Но, таа беше упорна дека никогаш нема да навлегува во конфликти, на ниту еден начин.
Кога се роди мојот внук, веднаш во истиот момент го натерав мојот син да направи тест за татковство. Тестот беше позитивен и мојот син беше вистинскиот татко.
Веднаш им кажав, од мене да не очекуваат помош околу детето. Нека си се справуваат сами како умеат. Нема да им давам ниту пари. Доволно им е тоа што сум им дозволила да живеат во мојата куќа. Мојот син беше повреден. Не ми зборуваше цела недела. Но, потоа сам дојде да си побара прошка.
На снаата й реков, дека дури и реков дека ако планира и сака тоа дете да има нормален живот, таа да си оди, а детето да го остави, бидејќи јас и мојот син многу подобро ќе го воспитаме.
Што мислите, што се случи? Таа отишла и раскажала сè на син ми, а уште вечерта тие двајца се спакуваа и заедно со детето заминаа. Му заѕвонев на мојот син и се обидов да му ги објаснам моите добри намери, дека тој ќе ја има сета моја помош по разводот. Нека го земе внукот и нека дојдат само тие двајца.
Ми спушти слушалка, без да каже ниту збор.
Е ништо, јас и понатаму ќе продолжам да се борам!“