Правила кои треба да ги следите доколку се гледате со колега
Дневно поминуваме многу време со нашите соработници, па понекогш може да почнат да летаат искри. Според истражувањето спроведено од Друштвото за управување со човечки ресурси, 54% од Американците се гледале со некој на нивното работно место. Важно е да знаете како да се справите со оваа многу незгодна ситуација ако сакате да имате нешто посебно со некого и да бидете добри во својата работа истовремено.
1. Проверете дали ги почитувате правилата на компанијата.
Треба да откриете дали вашата компанија има какви било правила кога станува збор за излегување со соработник. Според Ејми Бејкер, професор по психологија на Универзитетот во Њу Хејвен, треба да ги прочитуваме правилата затоа што некои компании не дозволуваат да имате романтична врска со колеги.
2. Држете се подалеку од романтична врска со вашиот шеф или подреден.
Ако правилата во вашата компанија ви дозволува да излегувате со колега, професорката Ејми Бејкер препорачува да не излегувате со вашиот шеф, подреден, па дури и со клиент, бидејќи напорната динамика на таквите односи е тешка за навигација. Вашите соработници би можеле да помислат дека добивате посебен третман, а вашето расудување и професионализам може да бидат загрозени, што пак може да доведе до отказ.
3. Не ја истакнувајте вашата врска, но и не бидете премногу таинствени во врска со тоа.
Обидот да се чува тајна во канцеларија е скоро невозможен, па затоа известете го вашиот менаџер за ситуацијата пред тие да дознаат од некој друг. Одделот за човечки ресурси може да ви помогне да ги разберете правилата на компанијата во врска со оваа тема.
4. Потврдете го статусот на вашата врска.
Пред да разговарата со одделот за човечки ресурси, проверете дали вие и вашиот колега/партнер ја сакате истата работа. Бидете сигурни дека вие и вашиот партнер се согласувате да ги споделите вестите и разговарајте околу сериозноста на вашиот однос.
5. Подгответе се за тоа дека вашите колеги нема да бидат задоволни поради тоа.
Некои од вашите колеги може да се чувствуваат изневерено затоа што не знаеле за вашата нова врска. Некои можеби и ќе се почуствуваат посрамено затоа што кажале некои лоши работи за вашиот колега бидејќи не знаеле дека ви е партнер.