Солта е зачин кој повеќето од нас секојдневно го употребуват. Како и со сѐ друго, и овде важи златното правило за умереност. Кујнската сол содржи 40 отсто натриум и 60 отсто хлорид, што значи дека секоја лажичка сол содржи 2000 милиграми натриум. Се препорачува да не се внесува повеќе од 2300 милиграми натриум дневно (што е нешто повеќе од една лажица сол). Но, просечното внесување на сол е барем двапати двојно од препорачаната дневна доза. Прекумерното внесување сол може да доведе до долгородчни последици по здравјето. Токму поради оваа причина треба да обрнете повеќе внимание на сигналите коишто вашето тело ви ги дава за да ве извести дека конзумирате премногу сол.

Големено чувство на жед

Натриумот ве прави жедни бидејќи во преголеми количества го нарушува балансот на течностите во вашите клетки. Како што се зголемува нашето конзумирање на сол, нашиот мозок сигнализира дека ни треба вода и тоа не прави жедни.

Потеченост

Чувството на потеченост по внесување на премногу натриум е резултат на насобирањето течности, што прави да се чувствувате непријатно, го зголемува волуменот на крвта и прави вашето срце да мора понапорно да работи.

Стрвност

Желбата да јадете солено може да биде силен предупредувачки знак дека внесувате премногу сол во вашето тело. Ова може да доведе до тоа умерено солената храна да ви биде блуткава и на тој начин уште повеќе да почнете да конзумирате сол.

Висок крвен притисок

Солта влијае вашите бубрези да го присилат ваето тело да задржи повеќе течности во себе. Вишокот течност го повишува крвниот притисок и ги оптоварува вашите бубрези, артериите, срцето и мозокот. За да можат да се справат со овој дополнителен напор, малите мускули во артериите стануваат посилни и подебели. Но ова ги стеснува артериите и уште повеќе го покачува крвниот притисок.

Долгорочни последици од прекумерното конзумирање сол

Вашето тело се обидува да ве предупреди преку испраќање знаци пред да си нанесете сериозна штета, и токму поради тоа треба да обрнете повеќе внимание. Долгорочното внесување премногу сол може да се одрази на вашите бубрези, коски, срце, кожа и стомак. Остеопороза, камен во бубрезите, потеченост и рак на желудникот се едни од најсериозните последици од прекумерното конзумирање сол.

Совети како да го намалите внесувањето на сол:

Да го контролирате количеството сол кое го внесувате на дневна основа е многу лесно. Сѐ што ви треба е дисциплина и самоконтрола. Еве неколку совети.

Избегнувајте процесирана храна

Избегнувајте ги лошите навики често да јадете брза и процесирана храна и наместо тоа обидете се да јадете свежи производи и храна приготвена во домашни услови.

Проверете го количеството на натриум на декларацијата на прехранбените производи

Добро е да погледнете што содржи прехранбениот производ што го купувате. Повеќето луѓе при нивниот избор на храна се грижат само за количеството на калории, шеќер и можеби хранливите состојки како витамини. Но, мора да внимавате и на количеството на натриум. Некои производи можат да се чинат како хранливи и полезни, но да содржат премногу натриум што може да му наштети на вашето здравје.

Земете предвид и други зачини

Солта не е единствената опција. Можете да го збогатите вкусот со сок од лимон и оцет, или пак бибер или црвен пипер.

Не избегнувајте ја солта претерано

Иако е вистина дека премногу натриум може да му наштети на вашето здравје, не би требало да претерувате со воздржувањето. Лишувањето себеси од минералот може да ви стори исто толку штета колку претераното внесување.