Преку истражување, конечно е утврдено кои жени живеат најдолго и најсреќно
Истражувањето поткрепено од Хардварскиот институт за општо здравје, во склоп на женската болница во Бригам, САД, сега конечно откри кои жени живеат најдолго и најсреќно.
Станува збор за жени кои живеат во дом кој е опколен со огромно зеленило. Утврдено е дека дамите кои живеат во области исполнети со многу растенија и зеленило имаат значително пониска смртна стапка во однос на оние кои живеат во региони со помала застапеност на природа.
Резултатите објавени од ова научно истражување се првата директна врска меѓу растенијата и здравјето на жените.
По извесно време, преселувајќи се да живее во куќа, со голем број на растенија и зеленило околу истата, една жена споделува дека резултатите од хардварското истражување се сосема точни.
„На прво место и многу значајно, зеленилото значително влијаеше во подобрување на мојата психичка состојба. Редовните прошетки во природа и зеленило навистина ги зголемуваат шансите на жените за подолг живот, со тоа што ја подобруваат нивната социјална комуникација, а секојдневното живеење крај зелена средина целосно го подобрува здравјето.“
Жената открива дека паркот иако не се наоѓа близу до нејзиниот дом, тоа не ја спречило да ги практикува секојдневните прошетки, а исто така засадила бројни домашни билки внатре во самиот дом. Според неа, тоа ќе им помогне на сите жени доколку имаат проблеми со честите промени во расположението и едноставно сакаат да го негуваат нивното ментално здравје.
Покрај тоа што зеленилото околу и во домот ќе ви го подобри психичкото здравје, според експертите, билките ефикасно ќе го прочистат воздухот во вашиот дом и ќе ја вратат пријатната атмосфера во нормала.
Доколку немате можност и услови за живеење покрај зеленило, тогаш експертите препорачуваат токму како што направила оваа жена, да си засадите што повеќе растенија во домот. Докажано е дека истите помагаат во борбата против депресијата и ви носат многу придобивки за вашето здравје.
Во продолжение прочитајте и за 6 собни растенија кои ја отстрануваат влагата и мувлата, а притоа ќе ве спасат од астма и алергии.