Прескапите Исусови патики наполнети со света вода, се распродадоа за само неколку минути
Креативен бренд им даде шанса на неколку среќни луѓе да одат на вода (буквално), додавајќи доза на духовност во нивниот модел стил.
Станува збор збор за ограничено издание на т.н „Исусови патики“ кои се наполнети со света вода и се благословени од свештеник – и притоа чинат неверојатни 3.000 долари.
Сепак, и покрај високата цена до небо, се чини дека има многу луѓе кои сакаат да платат голема сума на богатство за да го надополнат својот плакар за чевли со таков уникатен и духовен дизајн, бидејќи чевлите се распродадоа само неколку минути откако беа пуштени во продажба, од страна на компанијата MSCHF, која се наоѓа во Бруклин, САД.
Со цел да го создадат концептот, компанијата направи преобразба на еден класичен пар класичен на Најк патики од моделот Max 97s, давајќи му религиозна трансформација, односно најпрво пополнувајќи го транспарентниот ѓон на патиките со света вода земена од реката Јордан, а потоа обоена за да биде повидлива во во внатрешноста на чевлите.
Со желба да ги додадат повеќе религиозни детали на обувките, брендот додаде и други духовни елементи кон дизајнот, како натпис составен од библиски стих, испишан во црно.
Дизајнерите исто така вметнаа црвена влошка во внатрешноста, што асоцира на црвените чевли што традиционално претходно ги носеше папата, т.е сè додека сегашниот папа, папата Френсис не донесе одлучи обувките да бидат во црна боја.
Што мислите вие за ваквиот дизајн?