При враснат нокт, болката е многу непријатна- Еве како да се справиме со овој проблем во домашни услови, без операција
Секој кој во текот на животот се соочил со враснат нокт, знае колку болна може да биде оваа здравствена состојба, кога плочата на ноктот се вградува во мекото ткиво, при страничните делови на прстите.
Тоа вообичаено се случува при големиот прст на стапалата, а луѓето кои имаат пообемни прсти се повеќе склони кон развивање на оваа состојба.
Зошто враснатиот нокт е опасен
Заболувањето се одвива во неколку етапи. Најпрво, се појавува чувство на неудобност и болка при одењето, а подоцна се воспалуваат околните ткива, истите се вцрвуваат, се појавува секреција на крвни течности и подуеност. Засегнатата област може значително да се зголеми по обем.
Постои начин како да ја излекувате оваа здравствена состојба, без да одите на операција, во почетната фаза.
Џејн Андерсон, специјалист по ортопедија од Северна Каролина вели дека враснатите нокти се отстрануваат лесно. Но, постојат исклучоци: Доколку имате дијабетес или срцеви заболувања, тогаш неопходно е да отидете на лекар.
Како сами да го отстраните враснатиот нокт
Потопете ги стапалата во физиолошки раствор. Исипете топла вода во леѓен и додадете 1 кафена лажица англиска сол (магнезиум сулфат), на литар вода. Потребно е вашите стапала да ги потопувате во овој раствор двапати дневно, во времетреање од 20 минути. Ова ќе помогне да се извлече секоја течност или гној, кои може се присутни под ноктот. Магнезиум сулфатот исто така го ублажува воспалението.
Следно, Андерсон советува да поставите мало парче памучен туфер, потопен во антисептици, под ноктот. Целта на процедурата е да се израмни работ на ноктите. Тоа ќе ви дозволи лесно да го кренете ноктот, при што нема да се сврзува со кожата.
Нанесете мелем. Откако туферот е поткрепен под враснатиот нокт, потребно е прстот да го третирате со мелем со антисептичко и противмикробно дејство. Мелемот ќе ви помогне да ја излекувате инфекцијата. Потоа завиткајте го прстот со завој.
Како да го спречите настанувањето на враснатиот нокт
Најдобриот начин да избегнете еден проблем, е да го спречите неговото појавување. Што се однесува до спречувањето на настанокот на враснатиот нокт, специјалистите препорачуваат секогаш да носите удобни обувки.
Доколку сте спортист, внимавајте на повредите и не заборавајте да чекорите боси одредено време по вашиот тренинг.
Истовремено, обратете внимание на сечењето на ноктите и за да ја постигнете рамномерноста, користете турпија за нокти.