Приказната на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас докажува дека љубовта не познава граници и покрај разликата во години од две децении
Кога започнуваме со нашата потрага да ја пронајдеме таа посебна личност што треба да нe` натера да чувствуваме пеперутки во стомакот обично имаме некои барања што се надеваме дека ќе ги исполнат. Понекогаш сакаме нашата сродна душа да е на иста возраст со нас, но всушност, за некои луѓе, овој фактор не е воопшто важен.
Ваков е случајот на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас. Годините никогаш не им биле важни. Даглас е 25 години постар од неговата сопруга, и до денес, тие се еден од најстабилните парови во Холивуд.
И покрај предрасудите во Холивуд, нивната љубовна приказна сè уште трае, 20 години откако започна, а ние сакаме да ви раскажеме како тие станаа најдобар пример зошто разликата во годините не смее да ја спречи љубовта.
Кетрин Зета-Џонс е родена на 25 септември 1969 година, а кариерата ја започнала кога имала само 15 години. Таа стана популарна во нејзината родна земја, Обединетото Кралство, во 1990 година, во ТВ-шоуто „The Darling Buds of May“. Но, светот го дозна нејзиното име во 1998 година по нејзината улога во „Маската на Зоро“ заедно со Антонио Бандерас. Успехот на тој филм не само што ѝ даде инстантна слава, туку и сродна душа, затоа што на настан на кој го промовираше филмот, таа го запозна човекот кој ќе стане љубовта на нејзиниот живот, актерот Мајкл Даглас.
Интересно е што и тој е роден на 25 септември, но 25 години порано. Како син на популарниот актер Кирк Даглас, детството го поминал на филмските сетови кога го посетувал татко му за време на неговите одмори. Тој живеел со својата мајка, бидејќи неговите родители биле разведени. Следејќи ги стапките на неговиот татко, тој започнал да сака филмови и избрал глума како професија, и покрај противењето на неговиот татко. Тој дебитираше во 1966 година, а години подоцна создаде своја компанија за филмска продукција, „Big Stick Productions“.
Во 1997 година, животот на Зета-Џонс се променил од корен. Таа се преселила во Холивуд и по многу аудиции ја добила улогата на Елена во филмот за маскираниот херој.
Не само што професионално достигнала нови височини, туку и нејзиниот иден сопруг бил веднаш зад аголот. Даглас, кој веќе бил познат во индустријата, сакал да ја запознае откако ја видел во тој филм, иако таа мислела дека тоа е за работни цели: „Мислев дека Мајкл Даглас сака да се сретнеме за работа бидејќи знаев дека тој е продуцент и актер. Искрено го мислев тоа затоа што бев во „работен режим“ и одев на филмски фестивал, а таму се склучуваат филмски зделки. Затоа, никогаш не помислив: „О Боже мој, тој сака да излегува со мене. Неколку часа откако ме запозна, ми рече дека сака да стане татко на моите деца. Тогаш дознав дека средбата не е за работа“.
Иако не била премногу убедена во неговиот предлог, Даглас инсистирал и тие се спријателиле преку телефон, бидејќи нивниот напорен распоред не им дозволувал да бидат во исти градови. Сепак, пријателството било силно и подоцна прераснало во романтична врска.
Тие рекоа „Да“ во ноември 2000 година, на нивната венчавка во хотелот Плаза во Њујорк, каде не само што ја прославија и ја запечатија нивната љубов засекогаш, туку и го основаа своето семејство, бидејќи 3 месеци претходно таа го роди нивното прво дете, Дилан. Малото момче се приклучи на семејството составено од нив двајца и Камерон, најстариот син на актерот од претходниот брак. Години подоцна, во 2003 година, семејниот портрет беше завршен со доаѓањето на нивната ќерка Керис.
Но, во најдобрите љубовни приказни, секогаш доаѓа момент на конфликт, и за жал, ова не е исклучок. Нивната среќа беше прекината кога во 2010 година на актерот му беше дијагностициран рак на грлото. За среќа, тој успеа да го победи. Зета-Џонс беше потресена од состојбата на Даглас и се бореше со своето ментално здравје. Подоцна и било дијагностицирано биполарно растројство, поради што избрала да биде хоспитализирана извесно време.
Тие турбулентни години биле предизвик и за двајцата, па решиле да поминат некое време одделени за да ги процесираат работите и да поработат на нивниот брак.
Но, љубовта може да ја надмине секоја препрека, а нивната разделба само ги направила посилни: „Потребна беше работа и од двете страни“, рече Даглас.
Можеби тоа е една од тајните за одржување на врската и семејството,бидејќи тие се` уште се во среќен брак со деца кои сега се возрасни, а најстариот веќе им даде 2 внуци.
Минатата година тие прославија 20 години заедно, а таа призна дека колку повеќе стареат, толку повеќе се слични, бидејќи чувствува дека 25-годишната разлика меѓу нив е се помала и помала.