Принцезата Дијана се обидела да се самоубие дури 4 пати додека била во брак со принцот Чарлс
Тажната приказна за животот на принцезата Дијана е безброј пати претставувана во медиумите, но истовремено постојано за истата секојдневно се откриваат нови информации и детали.
Најновиот документарен филм посветен на животот на принцезата, според експертите, негативно ќе се одрази врз нејзините деца, Вилијам и Хари, како и врз целото кралско семејство.
Документарниот проект се предвидува да го покаже животот на принцезата Дијана од сосема друг агол, започнувајќи од нејзиното тешко детство од несреќниот брак со синот на кралицата Елизабета Втора, вклучувајќи ги и проблемите со нејзиното психичко здравје, како и нарушувањата во исхраната.
Филмот е базиран на досега необјавени кадри од нејзини средби и интервјуа од луѓе кои биле блиски со принцезата. Меѓу истите, во филмот се вклучени и луѓе кои биле очевидци на четирите обиди на Дијана да стави крај на нејзиниот живот. Според британските медиумите, принцовите Вилијам и Хари биле вознемирени што повторно постои ваков обид да се уништи угледот на нивната мајка.
Филмот ќе биде емитуван на Нетфликс, а засега од компанијата молчат и не даваат никакви изјави по овој повод.