Природен чај за отоци во нозете
Посериозни отоци можат да се појават како симптом на некоја сериозна болест и во тој случај треба да посетите лекар. Но често се случува нозете да ни отекуваат од премногу седење, стоење во едно место. Во вакви случаи постои чај кој ќе помогне отокот во нозете да се намали.
Подготовка:
Потребна ви е цела билка од магдонос, односно корен, стебленца и лист од магдонос. Првин потребно е добро да се измие билката а потоа исецкајте ја ситно. Ставете претходно половина литар вода на огин за да зоврие. Во зовриената вода додадете 5 лажици магдонос и оставете ја уште малку да поврие. Тргнете го чајот од огнот, оставете го да отстои околу 20 мин па процедете го. Можете да додадете и малку ѓумбир и лимон доколку сакате. Консумирајте најмалку 3 пати дневно.