Природен кинески рецепт за ефикасно справување со ќелавоста, за само 1 месец
Рицинусовото масло е исклучително лековито и корисно, иако многумина често избегнуваат да го користат поради неговата леплива и груба текстура.
Ова чудесно масло воедно се смета за економичен, но пред сè неверојатно ефикасен начин за лекување на многубројни проблеми со кожата и косата.
Токму рицинусовото масло може да ви помогне за поттикнување на растот на косата, како и веѓите и трепките.
Зошто е толку ефикасно рицинусовото масло
Ова масло има уникатна способност да се апсорбира длабоко во кожата и да навлезе во порите и фоликулите, поттикнувајќи го нивното обновување. Покрај тоа што ќе ви помогне вашата коса побрзо да порасне, истовремено на истата ќе й овозможи блескав изглед и сјај.
Како да го употребите
За да го употребите рицинусовото масло како омекнувач за вашата коса, потребно е да нанесете од истото само неколку капки од корените до краевите, по должина на вашата глава.
Како за почеток, употребувајте го во мали количества, додека не ја откриете идеалната количина за вашата коса. Воедно, исто така треба маслото да се користи умерено, за да се избегнат непријатни ситуациии со замастување на косата.
Рицинусовото масло воедно можете да го употребите и како природен лек за третман на вашиот скалп, при што со негово масирање, дополнително ќе ја зголемите ефикасноста во поттикнување на растот на вашата коса.
Се препорачува да се користи чисто рицинусово масло.
Покрај за косата, ова моќно масло делува ефикасно и за обновување, заштита и нега на вашите усни, при што по само неколку употреби, нивната состојба ќе биде значително подобрена.