Природен лек против настинка и болки во грлото
Подготовката на овој лек е прилично лесна и потребни Ви се неколку основни производи, а може да се користи и кај деца постари од 3 години.
Состојки
- Една чаша шеќер (200 мл)
- Половина чаша вода
- Лажица сок од лимон
- Лажица мед
- Половина лажица ѓумбир
- ¼ лажичка мелено каранфилче
Сите состојки се ставаат во сад на ниска температура и се оставаат да вријат дваесетина минути. Потоа садот се трга од оган и се остава неколку минути за да се излади. Со помош на лажица се става мала количина на тава обложена со хартија за печење и се формираат форми како мали бомбончиња. Потоа се посипуваат со шеќер во прав за да не се залепат едно со друго и се чуваат во лимена кутија.
По потреба се лижат неколку на ден, а со тоа со сигурност ќе Ви се намали болката во грлото и ќе Ви се олеснат симптомите на настинка.