Природен лек со семе од тиква за лекување на инфекција на простатата
Простатитис е воспаление односно инфекција на простатата. Простатитисот може да предизвика болка или отекување во пределот под мочниот меур. Притоа, болката или печењето се јавуваат при уринирање или при ерекција.
Понекогаш, простатитисот е предизвикан од бактерија, но често причините за појавата на воспалението се непознати. Како основни симптоми на болеста се: зачестено уринирање, нарушено уринирање, уринирање во мали количества и слично. Овој природен рецепт ќе ви помогне да ги ублажите симптомите на простатитис. Сѐ што треба да направите е да сомелете:
- 500 гр излупени сирови семки од тиква
- една чаша густ мед
Промешајте ги состојките добро и направете ги во топчиња со пречник од 1 или 1,5 сантиметар. Земајте по едно топче, секое утро пред да појадувате. Овој третман треба да се повторува еднаш годишно.