Синузитот е едно од најнепријатните заболувања кое, особено во зимскиот период, може да предизвика сериозен дискомфорт, главоболка, долго затнат нос и бројни други несакани последици.

Се подразбира, постојат бројни лекарства кои може да ги употребите, но доколку го претпочитате природниот начин за заштита на вашето здравје, тогаш во продолжение прочитајте како лесно да го подготвите домашниот лек со кој ефикасно и брзо ќе го излекувате синузитот.

Домашен лек против синузит

  • 50 гр сомелени ловорови листови
  • 200 мл растително масло

Начин на подготовка и употреба

Загрејте го маслото на водена пареа, а потоа додадете ги и сомелените ловорови листови. Добиената смеса се остава да отстои 10 дена на топло и темно место. Следно, истата прецедете ја.

Потребно е да нанесувате 1-2 капки во носот, 3 пати дневно. Со редовната употреба на ловоровото масло, брзо и ефикасно ќе се ослободите од синузитот.