Природен рецепт против вртоглавица
Вртоглавицата може да биде предизвикана од повеќе од 300 причинители. Нејзините симптоми вклучуваат чувството на движење чувство на рушење при одење, мачнина и слично. Најчести причинители на вртоглавица можат да бидат положбената вртоглавица, воспаление на вестибуларниот нерв, Мениерова болест, тумор на слушниот нерв, пореметувања на протокот на крв во мозокот, промени на ткивото на вратниот ‘рбет, повреди, прекумерни напрегнувања на мускулите, постара возраст, напнатост, стресна вртоглавица и друго. Вртоглавицата може да се ублажи со помош на овој едноставен и природен рецепт:
Состојки:
- 1 лажичка босилок
- 1 мала лажичка рузмарин
- 250 мл зовриена вода
Состојките се ставаат да отстојат во зовриената вода 20-30 минути. Се пие 2-3 пати на ден.