Лице без брчки е сон на секоја жена. Не мора да значи дека секогаш треба да трошите пари на скапи креми и маски за лице за да ја вратите убавината на вашата кожа. Понекогаш е доволно да се послужиме со едноставни и природни состојки кои можат да се најдат во секое домаќинство.

Состојки

  • 2 лажички сок од грозјеfac
  • 1/2 лажичка маслиново масло
  • 1 белка

Исцедете го сокот од грозјето. Најлесно е да го згмечите со вилушка и да го ставите во газа. Откако ќе го притисне, грозјето ќе се ослободи од сокот, а семето и лушпата ќе останат во газата.

Одделете ја белката. Измешајте ги двете состојки. Додадете маслиново масло.

Ако при мешањето на состојките, маската стане ретка, додадете малку глина.

Нанесете ја маската и оставете ја на вашето лице од 20 до 30 минути. Ќе почувствувате пријатно затегнување на кожата.