Природни рецепти од „Златото на Богородица“ кои ефикасно ги отстрануваат проблемите со крвотокот, црниот дроб и видот
Британците го нарекле „златото на Богородица“, поради нивната христијанска традиција да ги обвиткуваат богородичните икони со растението, симболизирајќи златни монети.
Станува збор за невенот. А неговите лековити својства дури ги потврдува и науката. Веќе со научни факти, е докажано дека невенот заедно со неговите својства помага во лекувањето и подобрувањето на функцијата на црниот дроб и бубрезите, а при воспалителните процеси, ја намалува болката.
Воедно, невенот помага во одржувањето и развојот на имунолошкиот систем и го подобрува метаболизмот.
При развојот на дијабетес, го намалува нивото на шеќер во крвта, а неговите цветови содржат т.н каротеноиди, кои пак, го спречуваат ризикот од појава на катаракта.
А еве како да го приготвите чудесното растение!
Чај од невен за подобрување на видот
Потребни состојки:
- 1 кафена лажица зелен чај
- 5 цветови од невен
- 2 листа од коприва
- 2 стракови нане
- 1 лист од млад артичока
Начин на подготовка:
Во сад или чајник, ставете ги заедно сите состојки, а потоа полејте ги со топла вода и покријте го садот со крпа или парче ткаенина и оставете да отстои 30 минути.
Чајот се препорачува да се пие во текот на денот, а воедно по потреба, разредувајте го со вода.
Чај од невен за обновување на црниот дроб
Потребни состојки:
- 1 л вода
- 5 цветови од невен
Начин на подготовка:
Полејте ги цветовите од невенот со 1 литар топла вода и ставете ги да се варат на умерена температура, во времетраење од 3 минути. А потоа филтрирајте ја течноста, за да добиете чист чај.
Консумирајте по 250 мл наутро, пред појадокот и навечер, пред вечерата. Процесот на лекување, односно на обновување на црниот дроб и неговите функции трае 1 месец, период во кој се препорачува да го пиете овој чај.
Природна инфузија од невен против паразити
Потребни состојки:
- 1 лажица мелени цветови од свеж невен
- 300 мл вода
Начин на подготовка:
Инфузијата од невен одлично помага во ослободувањето од паразити во организмот. За приготвување на овој чај, полејте 1 лажица свеж невен со 300 мл врела вода.
Покријте и откако во потполност ќе се излади течноста, консумирајте трипати во текот на денот, пред вашите оброци.
Тинктура од невен во случај на дијабетес и заболување на панкреасот
Потребни состојки:
- 50 темни цветови од невен
- 500 мл водка
Начин на подготовка:
Во случај на дијабетес и заболување на панкреасот, земете 50 темни цветови од невен и ставете ги во 500 мл водка. Оставете го растоворот да отстои 1 недела, на темно место.
Потоа, консумирајте по 3 кафени лажици од тинктурата трипати дневно, пред секој ваш оброк.
Терапија од невен при обична настинка
Потребни состојки:
- 5 капки од невен
- Вода
Начин на подготовка:
Оваа домашна терапија ќе ви помогне при обичната настинка и воспаление на синусите, при што ќе ви овозможи полесно дишење. Сè што треба да направите е да ставите 5 капки невен во сад или чајник и притоа додадете врела вода, така што водата треба целосно да го покрие дното на садот.
Покријте со крпа или ткаенина и оставете да отстои 5 минути. Потоа, преку устата вдишувајте ја пареата од течноста, а издишете преку носот. Повторувајте сè додека не почувствувате полесно дишење.
Напиток од невен за закрепнување на крвните садови
Потребни состојки:
- 2 супени лажици цвет од невен
- 1 кафена лажица цветови од обичен орев
- 2 чаши вода
Начин на подготовка:
Во сад, ставете 2 чаши вода и додадете ги цветовите од невен и цветовите од обичен орев, а потоа започнете го процесот на варење. Откако ќе се свари смесата, покријте го садот добро и оставете да отстои 20 минути.
Пијте по 1 чаша, трипати на ден, пред секој ваш оброк.