Природни средства против менструални болки
Ако не припаѓате на оние кои не ни знаат кога им почнал месечниот циклус, тогаш прочитајте ги овие природни средства кои ќе Ве спасат од менструалните болки.
Камилица
Оваа билка е една од беспрекорните лекови, кога имате менструација. Благодарение на антиспазматичните и антивоспалителните својства, камилицата ги ублажува грчевите и води сметката за надуеноста. Се што ви треба е шолја чај од камилица за време на менструацијата.
Магнезиум
Овој минерал ги смирува мускулните ткива, на тој начин ги спречува болните грчеви. Дефицитот на магнезиум се наведува како една од главните причини за хронични и силни менструални болки. Високо ниво на магнезиум содржат рибата, зеленолистните зеленчуци, црното чоколадо.
Црна кохош
Ова растение прави чуда за ублажување на грчеви за време на менструацијата. Ова се должи на антивоспалителните својства. Не само што ја намалува болката во карлицата, но и таа во областа на колковите и половината.
Витамин А
Доброто ниво на овој витамин во организмот гарантира полесно преминување низ месечниот циклус. Консумирајте барем по неколку моркови на ден за време на менструацијата. Со тоа ќе ги регулирате и вредностите на естроген во телото.
Ѓумбир
Ексклузивен лек против менструалните болки и други несакани ефекти поврзани со овие “специјални” денови. Со помош на антивоспалителните својства ѓумбирот ги смирува нагоните за повраќање и дијареја, кои ги мачат доста жени во текот на циклусот.
Омега-6
Масните киселини Омега-6 се од витално значење за женското тело, бидејќи тие помагаат за подобрување на клеточната структура на репродуктивниот систем. Во исто време го намалуваат ризикот од воспаленија, што пак е честа причина за менструални грчеви. Производите кои содржат високи вредности омега-6, се сончогледовото масло, пченкарно масло, соино масло и масло од семки од грозје.