Проблем со дебелото црево: Што да направите во домашни услови и кога да посетите лекар
Дебелото црево е одговорно за апсорбирање на останатата вода, соли и витамини од храната и да ги кондензира во фекална материја. Фекалните материи потоа се пренесуваат од сигмоиден колон во ректумот, од каде што изглегуваат како отпад.
Најчести причини за проблем со дебелото црево и нивни симптоми
Симптомите на нарушувања на дебелото црево обично вклучуваат:
- Стомачна болка
- Опстипација
- Дијареја
- Гасови
- Надуеност
- Грчеви
- Замор
Дебелото црево е склоно кон воспаление и воспалителни нарушувања кои можат да бидат предизвикани од:
- Диета
- Стрес
- Начин на живот
- Лекови
Најчести нарушувања на дебелото црево се воспалителните болести како:
- Улцеративен колитис: Предизвикува болка во сигмоидниот колон – последниот дел од дебелото црево што води до ректумот.
- Кронова болест: Oбично предизвикува болка околу папокот на стомакот или на долната десна страна на стомакот
- Дивертикулитис: Што предизвикува болка во сигмоидниот колон.
- Синдром на нервозно дебело црево: Најчесто предизвикува болка во долниот лев дел на стомакот
- Колоректален карцином: Ретко предизвикува болка во стомакот
Како да го третирате проблемот со дебелото црево во домашни услови
Намалете ја консумацијата на црвено месо, пржена храна, рафинирани шеќери, алкохол и кафе. Исто така намалете го пушењето на цигари, зголемете ја физичката активност и започнете редовно да вежбате. Консумирајте повеќе храна богата со хранливи влакна како житарици, овошје, зеленчук и јаткасти плодови. Воедно, обратете внимание на хидратацијата т.е консумирајте што е можно повеќе течности.
Кога да посетите лекар?
Aко болката или било каква промена при дебелото црево траат подолго од неколку дена, најдобро е да посетите лекар со цел да ја утврдите точната причина и да добиете соодветен третман, а со самото тоа и навремено да се провери во случај да станува збор за карцином.