Прочуениот тест на Фројд: За само 5 минути, открива сè за вашиот карактер
Овој тест им помага на луѓето подобро да го сфатат и разберат начинот на кој тие размислуваат, воедно да ја согледаат вистината, која некои од нив, не сакаат да ја видат.
Се смета дека т.н „тест на приоритети“ е создаден од таткото на психоанализата, австрискиот невролог Зигмунд Фројд.
За целите на тестот, потребно е да ги подредите неколкуте секојдневни активности од понудениот избор, што потсвесно ќе ги разоткрие вашите приоритети.
За да биде тестот колку што е возможно поточен, одговорете целосно искрено.
Замислете го следното: Bо еден ист момент се случуваат 5 различни ситуации, на кои е потребно да обратите внимание:
- Телефонот ѕвони
- Бебето плаче
- Некој ѕвони или тропа на влезната врата
- Сте ги поставиле алиштата на балкон да се сушат, а започнува силен дожд
- Чешмата во кујната започнува да тече и да се прелева вода од мијалникот
Подредете ги ситуациите од прво до петто место, според тоа на што прво би реагирале, а во продолжение откријте го нивното значење:
- Телефонот ја симболизира вашата работа
- Бебето го претставува семејството
- Вратата ги симболизира вашите пријатели
- Алиштата го претставуваат вашиот однос кон парите
- Мијалникот го симболизира вашиот интимен живот