Програмирањето преку игра стана „ин“ во Македонија, затоа што ги поттикнува способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух на децата
Знаењето е движечка сила на секое општество, а бидејќи светот останува на младите секогаш треба да се стремиме на нашите деца да им го обезбедиме најдоброто можно образование. Самите училишта често не можат да понудат образовни профили кои одат во тек со модерното време, но затоа е тука ЕДУФРОНТ едукативниот центар, кој овозможува, професијата на сегашноста и иднината, програмирањето, најмладите да го учат преку игра. Ние им поставивме неколку прашања за да дознаеме повеќе за тоа како тие ги оформуваат идните програмери од мали нозе.
Што е ЕДУФРОНТ?
ЕДУФРОНТ e едукативен центар за компјутерско образование посветен на поттикнување на способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух и развивање на дигиталната писменост кај децата од најрана училишна возраст. Нашите програми ги учат децата од основно образование за компјутерско размислување и фундаменталните концепти кои ја користат технологијата, програмирањето и информациите во дигиталната ера. Технолошката писменост им помага на децата да ја разберат технологијата присутна во светот околу нив, со цел да донесуваат свесни одлуки. Иновативните процеси им помагаат на децата да го трансформираат она што го учат во сопствените пронајдоци. За време на програмите, децата се запознаваат со прототипови, дизајнирање, тестирање и итерација, како и сите важни аспекти на процесот на иновации.
ЕДУФРОНТ е основана и раководена од Гордана Мишевска, дипломиран математичар и професионален едукатор со повеќегодишно широко познавање на образовните процеси во основните и средните училишта. Наставата ја водат врвни едукатори кои знаењето до учениците го пренесуваат преку напредни методологии на забавен начин.
Кои видови на обуки ги имате во моментот?
ПрограмИграм™ e заштитена трговска марка на ЕДУФРОНТ од кои најпознатите и најбараните различни програми за деца од 6 до 14 години се за ПрограмИграм Мини во Scratch Jr., ПрограмИграм во Scratch, ПрограмИграм во HTML/CSS/JS и Програмирам во Python.
Прва програма е ПрограмИграм™ Мини во Scratch Jr. која е наменета за најмалите од 6 до 8 години, но поради неможноста на одвивање на обуката онлајн, истата во моментот е паузирана.
Во обуката „ПрограмИграм во Scratch“ се изучува програмскиот јазик Scratch преку користење на наставната програма „Creative Computing Curriculum“.
Наставната програма за Creative Computing e развиена од Harvard Graduate School of Education. Taa e збирка на идеи, стратегии и активности за воведно искуство во креативна работа со компјутери користејќи го програмскиот јазик Scratch. Обуката е наменета за деца од 8 до 12 години.
Во обуката „ПрограмИграм во Python“ се изучува програмскиот јазик Python преку користење на иновативни методи. Овaa обука ќе им обезбеди на учениците забавен начин да научат вештини за кодирање. Концептите се објаснети на толку едноставен начин, што секој може да научи да кодира. На крајот на обуката, учениците ќе можат да прават едноставни пресметки, да прават списоци и да научат како програмирањето може да се стави во практична употреба. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.
Во обуката „ПрограмИграм во HTML/CSS/JS“ се изучуваат скрипт јазиците HTML, CSS и програмскиот јазик JS преку користење на едукативната платформа codemoji.com. Секое дете ќе има пристап до платформата codemoji.com и активностите на неа преку свој кориснички профил. Со оваа обука децата ќе ги усвојат основите на изработка на скрипти во HTML и CSS преку интересен и лесно разбирлив метод, ќе ги комбинираат знаењата од HTML и CSS и примена на двата јазици за да се создаде стилизирана веб страница. Исто така ќе ги усвојат основите на програмирањето во JS и ќе знаат да изработат игра и апликација со сите научени скрипти и јазици. Обуката е наменета за деца од 10 до 14 години.
Групите на ученици за секоја обука се состојат од 6 до 8 деца. Часовите се оддржуваат онлајн, со користење на платформата Zoom за комуникација и присуство на наставник којшто го води часот и ја следи работата на учениците.
Кога започнувате со настава оваа учебна година?
Оваа учебна година започнуваме со настава паралелно со започнување на наставата во основните училишта, односно од 1 Октомври. Во текот на септември ќе се одвиваат уписи за обуките. Исто така ќе организираме бесплатни пробни и промотивни часови за заинтересираните деца и родители. На овие онлајн настани учениците ќе може да искусат еден час од обуката, а родителите ќе можат директно да ги добијат информациите кои ги интересираат.